УНИ Банка ќе исплаќа полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници

102

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 6% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од третата емисија со ИСИН MKBLBA200037 и шифра UNIPO3.

Исплатата на камата ќе се изврши на 24.10.2024 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 23.10.2024 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 21 и 22 Октомври 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 180 и 181 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 24 и 25 Октомври ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 24 и 25 Октомври 2024 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.