УНИ Банка прокнижи 373,7 милиони денари добивка во 2020 година

197

Универзална инвестициона банка, во период од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа добивка од 373.791.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на банката беше 253.387.000 денари.

“Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 374милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи“, стои во Образложението на остварените резултати.

Во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), како што се наведува, најголемо учество од 69,2% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2019 година се зголемени за 4,8%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголеми за 2,2% и достигна ниво од 16,7 милијарди денари.

Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот населениеи соодветно е остварен годишен пораст од 5,4% на приходите од камати на население. Зголемувањето на вкупните приходи се должи и на порастот на приходите на провизии од 7,4% како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти.

Фото: Facebook