УниКредит го имаше најдобриот квартал во историјата

Италијанската банка „Уникредит“ денес објави дека забележала рекордна нето добивка од 2,77 милијарди евра во првиот квартал од 2025 година, што е за речиси 400 милиони евра повеќе од пазарните очекувања, што претставува дополнителен поттик за извршниот директор на банката, Андреа Орцел, кој активно преговара за потенцијални аквизиции во Италија и Германија.

Како клучни фактори за успех во првите три месеци од 2025 година, банката ги наведува растот на провизиите и приходите од тргување, намалувањето на резервациите за нефункционални кредити и стабилниот коефициент на CET1 од 16,1 процент.

„Уникредит“ прогнозира дека оваа година ќе забележи приходи од приближно 23,5 милијарди евра и профит од повеќе од 9,3 милијарди евра, објавува „Блумберг“.