Фото: YouTube
Српскиот старт – ап UrbiGo разви проект на вертикална градина за одгледување на растенија којашто со помош на сензори ги испраќа потребните информации до корисникот преку мобилна апликација, пишува Netokracija.
Ања Чарапиќ, Александар Варничиќ и Предраг Гајиќ се дел од тимот што ја создаде оваа паметна вертикална градина којашто им овозможува на корисниците да одгледуваат растенија и зеленчук во текот на целата година во својот дом.
UrbiGo функционира на тој начин што преку сензорите за влага, температура и светлина, што се наоѓаат во вертикалниот панел, корисникот се поврзува преку апликација, го следи напредокот на своите растенија во реално време и добива известувања кога на растенијата им е потребна одредена нега.
Апликацијата претставува и социјална мрежа за корисниците каде тие меѓусебно се поврзуваат, делат искуства, фотографии и приказни. Корисникот според своите потреби го избира дизајнот и големината на својата UrbiGo градина и растенијата што сака да ги одгледува.