Уште четири дена аналоген ТВ сигнал

16

500k1Петте национални телевизии и една регионална (ТВ ЕДО) од денес се поврзани на дигиталната платформа на телекомуникацискиот оператор ОНE, преку која во сабота треба да стартува дигитализацијата на телевизиските програми и комплетно да биде исклучен аналогниот сигнал. Цирил Кафол, генерален извршен директор на ОНЕ  информира дека технички се целосно подготвени да ја спроведат дигитализацијата и дека во регионите каде дигиталните фрекфенции се слободни веќе е пуштен тест сигнал.

“Ги правиме последните тестирања на нашата дигитална платформа за да може на 1 јуни да ги емитуваме дигитално сите телевизии што ќе склучат договор со ОНЕ”, рече Кафол на заедничка прес-конференција со првите луѓе на надлежните институции за дигитализацијата, Министерството за информатичко општетсво (МИОА), Советот за радиодифузија (СРД) и АЕК.

Од ОНЕ информираат дека веќе е пуштен тест сигнал во 4 региони на емитување каде фреквенциите не се зафатени од постоечките телевизии кои емитуваат аналогно. Дигитален сигнал е пуштен во пошрокото подрачје на Тетово, Гостивар, Прилеп, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Ресен, Охрид, Струга, Штип, Кочани и Пробиштип. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски апелира граѓаните да се подоготват за дигитализацијата и да набават дигитален приемник (сет-топ-бокс) за да можат да ги следат програмите. Според анализите на Советот за радиодифузија (СРД), 15% од домаќинствата во целата држава не користат услуги на кабелски оператори, а од нив само оние што немаат современ телевизор ќе треба да набават ресивер. Ивановски информира дека јавниот телевизиски сервис, Македонска радиодителевизија, е веќе подготвена и до крајот на летото ќе може да емитува програма со висока резолуција HD. Тоа ќе биде првиот канал во Македонија што ќе емитува со оваа резолуција преку операторот ЈП Македонска радиодифузија која треба да ја набаваи целата опрема до крајот на годината. Додека МРД да ја инсталира целокупната опрема тие канали ќе се следат преку мултиплексот на ОНЕ, појасни Ивановски, додавајќи дека очекува во најскоро време и останатите национални телевизии  да ја надградат својата опрема за да можат да емитуваат HD.

“АЕК во целиот овој процес ќе биде тело што  ќе го контролира квалитетот на услугите што ќе ги нуди ОНЕ.  Нашата нова мерна опрема и нашите тимови ќе бидат присутни постојано на терен. Квалитетот на сигналот што ќе го испорачува ОНЕ до крајните корсиници треба да биде на максимално високо ниво. Ние ќе го контролираме тоа”, рече директорот на АЕК Роберт Орданоски повикувајќи ги граѓаните да пријават проблеми со прием на сигналот на бесплатниот телефонски број 190. Според претседателот на СРД Зоран Трајчевски поради исклучувањето на аналогниот сигнал во сабота, СРД ќе работи и во текот на викендот за да може да излезе во пресрет за отстранување на какви било проблеми при стартот на дигитализацијата. Од вкупно 61 телевизија во целата држава 60 телевизии побараа промена на дозволата од СРД за премин од аналогно во дигитално емитување. Од нив 30 телевизии ќе емитуваат програма преку операторот ОНЕ, а 30 на локално ниво.

Потребните сет-топ-бокс за следење на програмите со стартот на дигитализацијата се достапни на повеќе од 1.000 продажни места во Македонија. Граѓаните можат да ги набават во салоните на ОНЕ и во сите продажни места за техничка опрема. Цената на уредот изнесува 990 денари. Такви уреди бесплатно ќе добијат корисниците на социјална помош. За таа категорија граѓани државата преку МРТ набави 40.000 сет-ап-боксови, кои можат да ги подигнат во центрите за социјални работи.