Уште два дена за аплицирање на повикот за учество во Tech Innovation & Entrepreneurship Fellowship Program на WorldChicago

15

c

Фото: World Chicago

Уште само два дена до затворање на повикот за учество во Tech Innovation & Entrepreneurship Fellowship Program на WorldChicago.

Програмата финансирана од U.S. State of Department, којашто досега беше отворена за учесници од Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска, благодарение на ЦЕЕД Македонија и ЦЕЕД Хаб Скопје од оваа година е отворена и за апликанти од Македонија. Рокот за аплицирање е 15-ти ноември 2017-та година.

Програмата е наменета за професионалци кои се на почетокот или кон средината на нивната професионална кариера во областа на бизнисот, претприемништвото и иновациите, а идејата е на учесниците да им понуди програма за личен и професионален развој и да придонесе кон градење и јакнење на долгорочни професионални релации помеѓу САД и професионалци од други земји.

За повеќе информации посетете ја веб страната на WorldChicago или пишете ѝ на Ана Трповска на atrpovska@ceed-macedonia.org.