Уште две недели за пререгистрација на невработените во ФЗОМ

44

ФЗОМ ги повикува невработените лица носители на здравствено осигурување да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот. Тоа треба да го направат согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Директорот на Фондот, Џемали Мехази денеска истакна дека одѕивот на невработените лице се уште е незадоволителен, остануваат уште два недели до истекот на рокот, а само 46,51% извршиле пререгистрација.
Тој посочи дека осигурениците кои треба да се регистрираат/пререгистрираат во Подрачната служба на Фондот во Скопје, не мора да патуваат до неа, туку можат да се регистрираат/пререгистрират во задолжителното здравствено осигурување и во истурените шалтери на ПС на ФЗОМ во Скопје, сместени во поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, како и во зградата на општина Илинден и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Тетово во поранешната зграда на општина Камењане, во општина Боговиње и во Здравствен дом во општина Желино, рече Мехази.
“Остануваат уште две недели до истекот на рокот, а само 113.067 лица, од вкупно 243.085 лица носители на здравствено осигурување, т.е само 46,51% извршиле пререгистрација. ФЗОМ како институција која ја спроведува измената на Законот не посакува да се создаде состојба во која осигурениците може да останат без сини картони. Затоа апелираме до невработените лица во следниве подрачни служби со процент на пререгистрација: Скопје 25.569 или 40,75%, Тетово, 18.575 или 52,67%, Куманово 12.944 или 57,51%, Гостивар 10.747 или 61,43%, Струмица 5.628 или 46,47%, да дојдат и да се пререгистрираат”, рече Мехази.
Додаде дека сите потребни документи за пререгистрација се наоѓаат на шалтерите на ФЗОМ и на веб страницата на Фондот www.fzo.org.mk, а институцијата преку својата инфо линија 080033222 и инфо мејлот [email protected] стои на располагање за какви било прашања.