Уште еден бајковит град во Италија продава куќи за џабе

194

Уште еден италијански бајковит град ги продава куќите за едно евро за да привлече купувачи кои се подготвени да се “нурнат“ длабоко во реновирање.

Малиот град Бисакија, којшто се наоѓа во јужната италијанска провинција Кампанија, на околу 90 километри од Неапол, на продажба нуди на 90 куќи за едно евро.
Во Бисакија, мал град длабоко погоден од иселувањето и серијата земјотреси, од кои последниот се случи во 1980 година, изгледот на домовите е таков што сите треба да работат нивна обнова, пишува Business Insider.

“Тука се соочуваме со многу посебна ситуација. Напуштената област се шири во најстариот дел од селото каде што напуштените куќи се буквално натрупани рамо до рамо по истите патишта и дури имаат и еден заеднички влез. Затоа ги покануваме семејствата, групите пријатели, роднини, луѓе кои се познаваат меѓу себе или инвеститорите да ги здружат силите. Ги охрабруваме да купат повеќе од еден дом за да водат нов живот во нив“, рече заменик-градоначалникот, Франческо Тартаглија.

Иако новите сопственици на куќи во Бисакија ќе мора сами да ги реновираат трошните домови, тие нема да мора да го прецизираат износот или временската рамка за инвестирање,  што беше вообичаен услов кај претходните слични понуди во други италијански гратчиња.

Фото: Pexels