Уште еден доказ дека треба да се работи четири дена во неделата

19

На Исланд, од 2015 до 2019 година, тестираa четиридневна работна недела – работниците добивале иста плата за помал број на работни часови.

Сега се објавени резултатите, кои покажуваат дека експериментот бил “исклучително успешен“, а многу работници преминале на пократко работно време, пишува BBC.

Продуктивноста остана иста или зголемена на повеќето работни места за време на експериментот, велат истражувачите.

Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучувајќи ги Шпанија и Нов Зеланд.

На Исланд, повеќе од 2.500 работници учествуваа во експерименталната четиридневна работна недела, што е околу 1% од работоспособното население на Исланд. Сè се одвиваше под покровителство на Градскиот совет на Рејкјавик и националната влада, пренесува Index.

Многу работници преминале од 40-часовна работна недела во 35-часовна или 36-часовна недела, велат истражувачите.

Работниците под помалку стрес се чувствуваат подобро

Работниците велат дека се под помал стрес, а исто така тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобра рамнотежа меѓу деловниот и приватниот живот.

Оваа студија покажува дека најголемиот експеримент во светот со скратена работна недела во јавниот сектор е исклучително успешна по сите стандарди“, рече Вил Стронге, директор за истражување во Autonomy.

“Тоа покажува дека јавниот сектор е зрел да биде пионер на скратената работна недела и ова може да биде лекција од која другите влади можат да научат нешто“, рече Стронге.

Во модерната ера е можно помалку да се работи

“Ова ни покажува не само дека е можно помалку да се работи во модерната ера, туку и дека се можни прогресивни промени“, рече Гудмундур Д. Харалдсон, истражувач во Аlda.

Шпанија, исто така, експериментира со четиридневна работна недела во некои компании, делумно поради пандемијата на коронавирусот.

Unilever, британско-холандска компанија која произведува добра за широка потрошувачка, им овозможи на работниците во Нов Зеланд да го намалат работното време за 20%, притоа задржувајќи ги платите на исто ниво.

Фото: Pixabay