Уште еден фармацевтски гигант влегува на пазарот на лекови за слабеење

108

Фармацевтскиот гигант Рош се согласи да го купи производителот на лекови за слабеење Carmot Therapeutics за 2,7 милијарди долари.

Така, оваа компанија се приклучи на листата на оние кои сакаат да ги предизвикаат доминантните производители на лекови за слабеење Novo Nordisk и Eli Lilly, пренесува Reuters.

Carmot  прави инјекција  која се зема еднаш неделно наречена CT-388. По охрабрувачките резултати од првата фаза на испитување, лекот е подготвен за тестирање на луѓе во втората од трите пробни фази, со можно лансирање на пазарот во 2030-тите, изјави во понеделникот за Ројтерс шефот за фармацевтски производи на Рош, Тереза ​​Греам.

Таа рече дека компанијата е поамбициозна отколку да има евтина алтернатива на лидерите на пазарот, велејќи дека CT-388 може да стане најдобар лек за губење тежина во класата GLP-1, или сам или во комбинација со други соединенија.

За место на пазарот се борат и други компании со аквизиции, кои според аналитичарите ќе вредат 200 милијарди долари. AstraZeneca минатиот месец ги купи правата за експериментална пилула од кинеската Eccogene за 2 милијарди долари. Лили го купи Версанис за 1,93 милијарди долари во јули.