Турската лира утрово за само неколку минути загуби седум отсто од вредноста и падна на близу 15 лири за долар.
Причината е загриженоста на инвеститорите поврзана со ризикот од новата економска политика на претседателот Реџеп Таип Ердоган и очекуваното ново намалување на референтната каматна стапка во четврток.
Со последниот остар пад, вредноста на лирата е преполовена во споредба со крајот на минатата година, поттикнувајќи ја инфлацијата и големата пазарна економија во развој, која е во голема мера зависна од увозот, пишува Ројтерс.











