Уште еден кинески бренд гради фабрика во Европа

Кинеската МГ има големи планови во Европа, не е тајна. Може да се каже дека од сите кинески брендови, токму MG ги зеде најдлабоките корени на нашиот континент. Минатата година во Европа беа продадени 240.000 MG, што не е малку. Оваа идила сега ја расипаа европските царини за автомобилите произведени во Кина, кои во случајот со МГ одат и до 45,3 отсто. И покрај поевтиното производство, поевтинувањето на кинеската валута и други поволни околности, сепак тоа е висока стапка на царина и товар за SAIC, компанијата која произведува возила со ознаката MG.

Затоа, пишува Automotive News Europe, SAIC се впушта во проект за изградба на европска фабрика. До лето ќе се знае локацијата на првата европска фабрика.