Уште еден колапс: Затворена њујоршката Signature Bank

146

Американските регулаторни власти ја затворија Signature Bank со седиште во Њујорк, пренесува CNBC.

Signature Bank е една од главните банки во крипто индустријата со седиште во Њујорк, најголемата веднаш до Силвергејт, која минатата недела објави дека ќе ликвидира.

Оваа банка е исто така една од жртвите на актуелната криза на крипто-пазарот, поврзана со банкротот на SVB.

Американските регулатори донесоа одлука да го спречат ширењето на банкарската криза со затворање на банката, која е главен доверител во крипто индустријата. Одделот за финансии, Федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување на депозити соопштија во заедничката изјава во неделата вечерта дека ја затвораат банката.

Регулаторите на банката објавија дека клиентите на Signature Bank имаат целосен пристап до нивните депозити, за да можат да си ги вратат парите. „Сите штедачи на оваа институција ќе бидат обесштетени, како во случајот со банката од Силиконската долина (СВБ), така што даночните обврзници нема да бидат на товар на никаква загуба“, велат регулаторите на банката.

Регулаторите, инаку, ја затворија банката во Силиконската долина во петокот и ги запленија нејзините депозити, што е најголем пропуст на американска банка од финансиската криза во 2008 година и втор најголем досега. Овој потег дојде неколку дена откако институцијата објави дека има оперативни тешкотии.