Директорот на маркетинг за светскиот пазар на Пепси, Салман Амин, ја напушти компанијата. Амин е 29-от бренд менаџер кој ја напушта оваа компанија од 2008 година наваму.
Тој во Пепси работеше скоро 20 години, а директор на маркетинг стана во мај минатата година. Успеа буџетот за маркетинг да го зголеми за 600 милиони долари и да го рефокусира трошењето за топ брендовите.
“Салман направи промени на скоро секој пазар на кој работиме”, изјави Зеин Абдала, претседател на Пепси.
Амин ја лансираше првата глобална маркетинг кампања Live for Now за Пепси и ја ангажираше Бијонсе за 50 милиони долари, во што беше вклучено и појавување на Супеболот што се одржа минатиот месец.
Салман Амин, кој во Пепси дојде од Procter & Gamble, сега заминува да работи за S.C. Johnson.
Минатата година Пепси забележа пад на профитот за 10%, односно продажбата донесе приход од 2,9 милијарди долари, што е за една милијарда долари помалку во однос на 2011 година.