Уште еден успешен модул на „A1 Academy”

95

Преку едукативната програма „А1 Academy” иницирана и спроведена од А1 Македонија уште една група млади на возраст од 18 до 25 години имаа можност да ја реализираат својата страст за учење и стекнување дигитални вештини преку една од  најатрактивните и модерни теми – Digital Marketing.

“Заокружуваме уште еден успешен модул на нашата А1 Академија. Учесниците се уште еднаш покажаа огромен интерес и мотив за стекнување нови дигитални вештини. Продолжуваме со нашата иницијатива, а тоа е да им се даде на младите доверба и вештини, како и придонес во креирањето и насочувањето на нивниот личен и професионален развој. Наскоро следува модулот Business Analytics, ги охрабруваме сите млади кои сакат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy” – изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации.

По три недели активни предавања, учесниците имаа можност да ги научат основите на дигиталниот маркетинг, SEO, Google Ads, менаџирање на социјални медиуми и Meta Business Manager како и менаџирање на е-мејл кампањи, преку врвни експерти, професионалци во својата област. Крајот го заокруживме со официјално доделување на сертификати.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.