
Германската компанија Хенкел, еден од водечките светски производители на хемикалии за домаќинство и индустриски производи, целосно го напушти рускиот пазар.
– Заминувањето од Русија заврши – се наведува на сајтот на Хенкел, пренесува РИА Новости.
На крајот на април Хенкел објави дека склучил договор за продажба на бизнис во Русија со конзорциум од локални инвеститори во износ од 624 милиони евра, а трансакцијата е веќе завршена.
Минатата пролет Хенкел објави дека се повлекува од бизнисот во Русија, а на почетокот на 2023 година германската компанија работеше во оваа земја како независна компанија Lab Industriz.
Познати брендови на компанијата Хенкел се, меѓу другите, прашокот за перење Персил, козметиката Фа, Тафт, Шварцкопф и Шамту, потсетува руската агенција.











