Уште една голема технолошка компанија ќе дели откази

39

Spotify, аудио платформата, најави дека ќе отпушти шест отсто од својата работна сила, околу 600 работници, како дел од реструктуирањето на компанијата.

Овој потег доаѓа во моментот кога Spotify се обидува да го ограничи распространетото вработување предизвикано од пандемијата и е во согласност со слични мерки преземени од други технолошки фирми како Google и Microsoft, пренесува Индекс.

Промената е единствена константа, стои на почетокот на пораката која основачот и „CEO“ на „Spotify“ Даниел Ек ја пратил до вработените во компанијата. А таа промена, овој пат, не е добра.

Технолошкиот гигант вработува нешто помалку од 10.000 луѓе, најмногу во САД и во Шведска, а како што наведува Ек, откази ќе добијат околу шест проценти од вработените, што значи околу 600 луѓе. Најавил дека неколку часа откако ја пратил таа порака започнале и разговори со вработените кои ќе останат без работа. Тие ќе добијат отпремина во висина од пет месечни плати и ќе го задржат здравственото осигурување.