Уште една компанија најавува работа од дома и по пандемијата

18

Вработените во компанијата Deloitte во Велика Британија може да работат од каде што ќе посакаат и кога ќе заврши пандемијата.

Вработените во консултантската компанија и во иднина нема да имаат обврска да доаѓаат на работа во канцеларија. Околу 15.000 вработени во компанијата во Велика Британија одговараа на интерна анкета за тоа како би сакале да работат во иднина, поради што повеќе од 80% навеле дека очекуваат да работат во канцеларија два или помалку денови неделно. Повеќе од 90% од нив рекле дека “избор“ и “флексибилност“ би требало да бидат суштината на работата на компанијата во иднина.

“Пандемијата силно го промени не само нашиот начин на живот, туку и начинот на којшто работиме. Последната година покажа дека една величина не им одговара на сите кога е во прашање ускладување на професионалниот и приватниот живот. Исто така, покажа дека може да им веруваме на нашите луѓе да донесат правилен избор кога, како и од каде ќе работат. Кога владата ќе ги укине сите ограничувања во врска со коронавирусот, ќе им дозволиме на луѓето да изберат каде ќе работат за да можат да работат најдобро што можат“, рекол Ричард Хјустон, извршен директор на Deloitte.

Компанијата ќе ги користи канцелариите најчесто за тимска соработка, обуки и состаноци со клиенти.

Фото: Pexels