Уште една криптовалута урива рекорди

153

Ethereum, втората најпопуларна крипто валута, порасна за над 6%, постигнувајки нов рекорд од 2.123 долари. Тоа беше петти последователен раст на оваа криптовалута. Цената скокна околу 20 % во текот на неделата по одлуката на Visa да ги олесни трансакциите во USD Coin на блокчеин мрежата на Ethereum.

Ether, матичната крипто валута за Ethereum, оваа година скоро тројно ја зголеми  својата цена.

Во соопштението во понеделникот, гигантот за плаќање Visa, соопшти дека работи на програма за порамнување на трансакции во стабилната валута USD Coin преку Ethereum со својот партнер Crypto.com.

USD Coin е криптовалута чија вредност е фиксирана за курсот на доларот. Visa се одлучи за проектот откако неколку големи финансиски компании, вклучувајќи ги Mastercard, BNY Mellon и BlackRock, овозможија плаќања со криптовалути, а аналитичарите заклучија дека крипто-валутите ќе станат составен дел од портфолиото за инвестиции.

Познатиот инвеститор Марк Кубан, водител на Shark Tank нa CNBC и сопственик на професионалниот кошаркарски тим Dallas Mavericks, исто така рече дека во неодамнешната епизода на подкастот бил оптимист во врска со криптовалутите, вклучувајќи го и биткоинот, но дека Ethereum е најблиску до вистинската валута “.

Фото: Pixabay