Уште една рекордна квартална добивка за малезискиот производител на ракавици

42

Малезискиот производител на гумени ракавици, Top Glove информира дека нето добивката во второто тримесечје му е за скоро шест пати повисока, а тоа е резултат на силната побарувачка за заштитна лична опрема во услови на пандемија.

Малезија произведува околу 65% од еднократните гумени ракавици што се достапни на светскиот пазар, а побарувачката бележи континуиран раст од почетокот на пандемијата во 2020 година.

Top Glove произведува 50 милијарди пара ракавици годишно и е “најголем производител на гумени ракавици во светот“. Зголемената побарувачка за шест пати му ја зголеми добивката во кварталот што заврши во мај, на 500 милиони долари.

Малезиската компанија има рекордна добивка пет квартали по ред и покрај американската забрана за увоз поради наводно кршење на човековите права на работниците.

Компанијата наведува дека поради американската забрана обемот на продажба им е намален во споредба со претходното тримесечје.

Фото: Freepik