Уште една скандинавска земја во рецесија

110

Шведска влезе во рецесија бидејќи нејзината економија се намали за 0,3 отсто во третиот квартал во споредба со вториот квартал.

Така го продолжи претходниот квартален пад од 0,8 отсто, објави денеска шведскиот завод за статистика СЦБ.

Како што е наведено на веб-страницата на организацијата, падот е пред сè последица на намалувањето на залихите и помалата потрошувачка на домаќинствата.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,6 отсто на квартално ниво, а потрошувачката на општата влада не се менува.

Бруто-инвестициите во постојан капитал се намалени во истиот период за 0,6 отсто. Инвестициите во станови продолжија да опаѓаат, како и инвестициите во други згради и објекти.

Во третиот квартал извозот порасна за 1,4 отсто на квартално ниво, додека увозот е намален за 1,5 отсто.

На годишна основа, шведската економија падна за 1,4 отсто во однос на третиот квартал од 2022 година.

Да потсетиме, норвешката економија исто така се намали во третиот квартал и влезе во рецесија, бидејќи странската побарувачка за гас ослабе, покажаа статистичките податоци.