Уште една земја го легализира биткоинот

49

Украина е петтата земја во последните неколку недели што воспостави некои основни правила за пазарот на криптовалути.

Украинскиот парламент речиси едногласно усвои закон со кој се легализираат и регулираат криптовалутите. Законот, кој беше донесен во 2020 година, сега го потпиша претседателот Володимир Зеленски, пренесе CNBC.

До денес, крипто-пазарот во Украина функционираше во сивата зона, каде што на граѓаните им беше дозволено да купуваат и разменуваат виртуелни монети, но компаниите и берзите кои се занимаваат со криптовалути честопати беа под контрола на финансиската полиција.

Според Киев пост, властите имале борбен став кога станува збор за виртуелни пари, сметајќи ги за инструмент за “измама“ и перење пари, при што се истражувале компании поврзани со криптовалути и “често е конфискувана скапа опрема без никаква основа“.

Меѓутоа, со денешното гласање, Киев застана на страната на биткоинот.

До 2022 година, земјата планира да отвори пазар за криптовалути за компаниите и инвеститорите, пишува Киев пост.

За разлика од Ел Салвадор, кој оваа недела го усвои биткоинот како легално средство за плаќање, украинскиот крипто-закон не значи воведување на биткоин како платежно средство, ниту пак го става на еднакво рамниште со гривната, националната валута на земјата.