Уште една земја постепено ја скратува работната недела

104

Колумбискиот претседател Иван Дјук потпиша закон со којшто постепено се скратува работната недела од 48 на 42 часа, без да се намалат работничките права.

По потпишувањето на законот, Дјук рече дека Колумбија на тој начин се приклучува на најдобрата практика на безбедност при работа, пренесува РИА Новости.

Законот предвидува обврска на работодавачот постепено да ја скратува работната недела во следните пет години.

Од 48 законски часови во 2021 година, работното време ќе се намали на 47 во 2023 година, 46 во 2024 година, 44 во 2025 година и на крај на 42 во 2026 година.

Фото:Pexels