Успехот како навика – Можеме ли да научиме да бидеме успешни?

223

Се навикнуваме на рано станување, на некое место или личност. Успехот е нешто што ќе ни се случи или нема да се случи и не можеме да создадеме навика за успех. Некои психолози го тврдат спротивното. Според нив и успехот може да се научи како и секоја друга навика.

На детето му даваме задача којашто може да ја изврши и тоа веројатно ќе успее. Задоволството поради завршената задача и пофалбата од родителите ќе развие кај детето чувство на верба и самодоверба. Тоа нема да се плаши од нови задачи и ќе ги очекува со радост.

Американскиот психолог Вилијам Гласер смета дека важно е децата да доживеат чувство на успех на самиот почеток од школувањето. Меѓутоа, повеќето американски државни училишта како да се програмирани за неуспех. Децата кои доживуваат само неуспех, се склони да се откажат, престануваат да се обидуваат и губат мотивација.

Тоа не значи дека треба да се намалат критериумите за успехот да се случи, туку школското градиво мора да биде повеќе во врска со детскиот реален живот. На тој начин се зголемува мотивацијата за учење, а со тоа и веројатноста за успех.

Многу е важно да се визуелизира и почувствува успехот. На некои луѓе тоа им е многу тешко, бидејќи ретко доживеале успех. Тоа секако не мора да биде објективна вистина. Тие можеби не се повеќе неуспешни од другите, но поради различни причини научиле да гледаат црно на себе и својот живот.

Затоа, многу е важно да го организираме својот живот да можеме да успееме во малите работи. На тој начин можеме да создадеме атмосфера на успех којашто ќе ни овозможи поголеми и значајни цели.

Не заборавајте

Ако имате некоја цел, веројатно нема да ја постигнете преку ноќ. На патот за остварување постојат многу препреки коишто треба да се совладаат.

За да ја постигнете целта, одлучете секој ден да направите еден чекор којшто ќе ве води кон нејзино остварување. Тоа може да бидат многу мали работи, но важно е да ги направите.
Ако на пример, одлучите да ја промените работата, можете да си речете во себе: Во следните месец дена секој ден ќе се јавувам на некој пријател и ќе го известам за своите намери. Ќе ги замолам да ми се јават ако слушнат за некоја добра работа. Јавувањето на една личност на ден не е некоја голема работа, а може значително да ве доближи до целта. Ако никој не знае дека сакате да ја промените работата, никој нема да ви понуди предлог.

На крајот секој ден запрашајте се:Дали денес направив еден чекор којшто би водел кон постигнување на мојата цел?

Фото:Pexels