Успешен старт на проектот за мобилно издавање патни исправи за дијаспората во Словенија

66

Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кои што живеат и работат во странство. Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва,  постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија.

“Mногу сум изненаден што постапката за  издавањена нови пасоши беше многу брза. Се изненадив кога добив порака на телефонот, каде пишуваше: Дојдете да го подигнете пасошот! Пасошот Ви е готов.истакнуваат нашите државјани, подигнувајќи ги новите пасоши во нашата амбасада во Љубљана.

За ефикасноста и олеснетата процедура за стекнување со патни исправи,  што е овозможена со воспоставувањето на базните станици своја изјава даде и амбасадорката, Сузана Зеленковска: 

“Живееме во време на големи предизвици- здравствени, економски и социјални. Во таа насока нашата држава се погрижи со услугата за издавање на патните исправи во амбасадата, постапката да се олесни и скрати, и да трае од две до три недели. На тој начин се зголемува како нашата ефикасност во работењето, така и задоволството на нашите граѓани од навременото добивање на патните исправи.” 

Во август оваа година, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги промовираше деветте базни станици и четирите мобилни станици кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи, за чија реализација се вложуваат максимални напори.