Успешен старт на Seavus во Белград

13

Македонскиот лидер за извоз на софтверски услуги Seavus, успешно стартуваше со работа во Белград, каде се позиционираше со својата подружница пред 2 месеци.

По успешниот почеток,  подружницата активно оперира со клиенти од Шведска, Шпанија, Германија, Швајцарија и САД.

Зголемената побарувачка за напредни технолошки решенија е причината поради која Seavus постојано вложува во нови проекти, кадри и експертиза.

Иако доминантниот дел од кадрите на Seavus (70%) се во Македонија и работат во централата во Скопје (350 од вкупно 500 вработени), 97% од работата на Seavus е надвор од македонските граници.

Една од главните причини поради која компанијата инвестира повеќе надвор од матичната земја е недостигот на потребните кадри во Македонија, како и потребата од локално делување и вмрежување со интернационалните клиенти.