Усвоен шестиот пакет санкции: ЕУ ја забранува руската нафта

57

Амбасадорите на земјите-членки го договорија текстот на шестиот пакет санкции против Руската Федерација, кој треба да стапи во сила денеска, а по објавувањето во Службениот весник на ЕУ, дознава Танјуг во Брисел.

Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, бил изоставен од текстот на шестиот пакет санкции, на што инсистирала Унгарија.

Шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија вклучува делумно ембарго за извоз на руска нафта во ЕУ, исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од трансакцискиот систем SWIFT, како и забрана за емитување на три руски државни медиуми во ЕУ.