Дел од капиталните проекти што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да ги заврши до крајот на 2013 е изградбата на деловната зграда и повеќенаменската кула на Водно.
Овие проекти се дел од Годишната програма за работа на Агенцијата, што собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија ја усвои денес.
Деловниот објект на АЕК е планирано да биде завршен до половината на 2013, а изградбата на повеќенаменската кула се очекува да ја среди хаотичната ситуација на Водно со предавателите на операторите. Исто така планирана и е набавка на софистицирана мерна опрема со која ќе се мерат сите параметри на мрежите на операторите.
“Со набавката на оваа софистицирана мерна опрема ќе ги имаме сите показатели на мрежите на операторите, а тие ќе имаа должност да ги почитуваат параметрите што им ги зададовме. Мерењата ќе бидат ставени на нашата веб страница www.komuniciraj.mk и секој корисник ќе може да добие информации за квалитетот на мрежата на операторот”, појасни директорот на АЕК, Роберт Ордановски.
Ордановски посочи и дека од септември цената во бирањето на број во сопствената мрежа и во мрежата на другите оператори ќе биде иста, односно ќе изнесува 1,2 денари.