Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, најави дека Комисијата треба да го предложи дванаесеттиот пакет санкции против Русија оваа недела.
Борел, по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, изјави дека Комисијата на состанокот во среда би можела да одлучи за тој предлог и да го испрати на усвојување до Советот на ЕУ.
Што ќе вклучуваат новите санкции?
„Новиот, 12-ти пакет ќе вклучува нови забрани за извоз на, меѓу другото, дијаманти, потоа нови чекори за ограничување на цената на нафтата за да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и нови мерки против заобиколувањето на санкциите“, рече Борел.
Од почетокот на руската агресија врз Украина, во февруари минатата година, Европската унија усвои 11 пакети санкции против Русија.