Утре краен рок за искористување на ваучерите за домашен туризам

30

Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е утре (15-ти декември 2020 година).

Заклучно со денешниот ден се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси.

Платформата Дома си е дома преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам ќе биде затворена за реализација на оваа мерка на 15.12. 2020 година.

Гостите кои што користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15.12. 2020 година.

Хотелиерите кои што имаат гости кои што користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери.

Со мерката ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари која е дел од Третиот сет мерки на Владата за справување со последиците предизвикани од пандемијата беа поделени 117.531 ваучер за домашен туризам на сите вработени граѓани кои  во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи.

Ваучерите за туризам се користеа во домашните туристички објекти кои беа регистрирани на платформата Дома си е дома.

Фото: Pixabay