Утрово Аmazon беше недостапен низ целиот свет

37

Корисниците ширум светот утрово пријавија проблеми со пристапот до интернет продавниците на платформата Amazon.com, а компанијата објави дека во меѓувреме го решила проблемот.

Според веб-страницата Downdetector, онлајн услугите на Amazon биле во прекин речиси два часа, а повеќе од 38.000 корисници објавија дека имаат проблеми со пристапот до онлајн продавниците на Amazon.

Проблемот прво се манифестирал ноќеска во САД, а утрово во голем дел од остатокот на светот.

“Некои корисници имаа привремено проблеми при купувањето. Ние го решивме проблемот и сега се работи нормално, изјави портпарол на Amazon, но одби да ја коментира причината за прекинот.

Фото: Amazon