Увезени фалсификати од 121 милијарда евра во ЕУ

30

На потрошувачите и понатаму им е тешко да разликуваат оригинални од лажни производи, покажува студијата на Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост.

Скоро секој 10-ти жител на Европа изјави дека е измамен при купување на фалсификувани производи, при што постојат значајни разлики меѓу земјите членки на Европската унија. Земји со најголем број на измамени потрошувачи се Бугарија (19%), Романија (16%) и Унгарија (15%). Од друга страна, најниски бројки се забележани во Шведска (2%) и Данска (3%).

Во текот на минатата година, повеќе од 70% од Европејците купувале преку интернет, но и понатаму се загрижени поради можни фалсификати.

Една третина од Европејците (33%) имале дилема дали производот што го купиле бил оригинален.

Фалсификатите претставуваат 6,8% од извозот во ЕУ и достигна вредност од 121 милијарда евра. Податоците покажуваат дека фалсификати има во скоро сите сектори: козметика, играчки, вина, електронски производи, облека, хемикалии и слично.

Фото: Freepik