Увозните цени на житарките во Германија се за 54% повисоки од лани

31

Цените на житарките во Германија се зголемија за 53,6 отсто на годишно ниво во март, во првиот полн месец од руско-украинскиот конфликт што започна на 24 февруари, при што цените на пченицата скокнаа за 65,3 отсто, соопшти денеска Федералното биро за статистика, „Дестатис“.

Цените на производителите на житарки исто така се зголемија во март за 70,2 отсто во споредба со истиот месец во 2021 година, што е нивен најголем раст од јуни 2011 година поради малата понуда и високата побарувачка во земјата и во странство, додава „Дестатис“, пренесе Ројтерс.

 

 

Германските статистичари велат дека само 2,0 отсто од германскиот увоз на жито дошол од тие две земји минатата година.