Увозот на САД од Русија се зголеми и покрај санкциите

367

Увозот на САД од Русија достигна 522,1 милиони долари во август, што е за 7,7 отсто повеќе од 484,8 милиони долари во јули, што е прво месечно зголемување од април оваа година, се вели во извештајот објавен од Заводот за статистика на САД.

Истовремено, извозот на американски стоки во Русија е намален за 19 отсто на 66,8 милиони долари во август од 82,5 милиони долари во јули, пренесува Раша тудеј (РТ).

Податоците покажуваат дека во периодот јануари-август 2022 година, САД увезле руска стока во вкупна вредност од 12,1 милијарди долари, а во Русија извезле производи во износ од само 1,3 милијарди долари.