Увозот на Црна Гора петпати поголем од извозот

38

Вкупната надворешнотрговска размена на Црна Гора за период од јануари до мај оваа година, според прелиминарните податоците изнесуваше нешто над милијарди евра, што укажува на раст од 3,1% во однос на истиот период лани, пренесува Cafe del Montenegro.

“Извозот имал вредност од 166,3 милиони евра, а увозот 844,3 милиони евра. Во однос на истиот период лани, извозот е за 25% повисок, а увозот намален за 0,3%“, покажуваат официјалните статистички податоци.

Покриеноста на увозот со извозот е 19,7% и е поголема во однос на истиот период лани кога беше 15,7%.

Најголеми надворешнотрговски партнери во извозот на Црна Гора се: Србија (45 милиони евра), Босна и Херцеговина (14,1 милион евра) и Словенија 11,7 милиони евра).

Најголеми надворешнотрговски партнери во увозот на Црна Гора се: Србија (167,6 милиони евра), Кина (92,2 милиони евра) и Германија (85,5 милиони евра).

Фото: Pexels