Увозот на заштитни маски скокна за 1.800%

32

Ширењето на пандемијата од коронавирусот може да се спречи со почитување на неколку важни мерки што подразбира носење заштитни маски, држење дистанца, редовно миење на рацете…

Анализирајќи го увозот на заштитни маски за лице во Европската унија во првото тримесечје од 2019-та со првите три месеци од оваа година, Eurostat забележува драматично зголемување од 800 милиони на 14 милијарди евра, што претставува скок од 1.800%.

Eurostat направи преглед на тоа колку земјите увезувале заштитни маски по глава жител. Според податоците, Луксембург има најголем увоз што достигнува и до 121 евро по глава жител. Белгија, Германија и Франција се меѓу единствените земји во Унијата чиј увоз на маски достигнува над 50 евра по глава жител.

Од друга страна, увоз под 10 евра по глава жител има во овие земји: Кипар, Полска, Шведска, Хрватска, Грција и Бугарија.

Кина беше најголемиот трговски партнер на ЕУ за увоз на заштитни маски, снабдувајќи ја Унијата со 92% од вкупната количина на маски што се најде на тој пазар.

Фото: Pexels