Uzbekistan Airways ќе ја мери тежината на патниците

46

Uzbekistan_Airways_A320-200_UK-32020_DME_Nov_2012Националната авиокомпанија на Узбекистан ќе ја мери тежината на патниците заедно со рачниот багаж, јавува Телеграф.

Од авиокомпанијата велат дека новите прописи се воведуваат со цел да се зголеми безбедноста при летањето.

Патниците ќе бидат мерени со специјална вага која што ќе ги категоризира според пол и во групи возрасни и деца, а дискрецијата ќе биде загарантирана.

“Според правилата на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, авиокомпаниите се должни да ја мерат тежината на ризичната група патници заедно со нивниот рачен багаж, за да се осигура безбедноста на летот” велат од Uzbekistan Airways.

Сепак од Асоцијацијата ги негираат овие тврдења и велат дека не се запознаени со такви прописи.

Во светот има многу малку држави чии авиокомпании покрај багажот ја мерат и тежината на патнците.

Една од нив е Самоа, каде прекумерната дебелина е во загрижувачки размери, па затоа националната авиокомпанија воведе екстра големи седишта во авионите.