Уживате во чаша добро вино – еве како да препознаете квалитетно вино

615

vino

Секое вино се издвојува со својата карактеристична арома и вкус, кој кај секоја индивидуа се доживува различно, па така оценката на вината е секогаш субјективна. Виното се дегустира со сетилата за вид, мирис и вкус.

“Во суштина не постојат лоши и добри, туку повеќе или помалку квалитетни вина. Квалитетот на виното, пред се, зависи од квалитетот на грозјето, а потоа и од начинот на обработка и чување и умешноста/способноста на винарот. Со оглед на тоа дека во Македонија постојат одлични климатски услови кои овозможуваат да се произведе грозје со висок квалитет, можат да се произведат и високо квалитетни вина. Поквалитетните вина се одликуваат со поголема комплексност на вкусови и мириси“, вели Весна Шкортова од винаријата Вел Вин.

Кога станува збор за бојата на виното, се следи нејзината јачина и бистрина.

velvin“Виното треба да е бистро, а она што исто така е видливо кај добрите вина, се таканаречените ’нозе’ кои се всушност траги што остануваат на ѕидот на чашата и се показател на количеството алкохол што се содржи во виното. По однос на мирисот, виното треба да има пријатен мирис. Во зависност од сортите грозје, можат да се почувствуваат разни ароми кај вината (цветни, овошни, дрвенести), но не е добро да се чувствува мирис на киселина или мувла. Вкусот на виното може да биде слаткаст, горчлив (што е одраз на танинот во виното) или киселкаст“, нагласува Шкортова.

Освен тоа што се прави разлика кај виното во однос на квалитетот, може да постои дистинкција помеѓу органско и конвенционално вино.

“Освен со хемиска анализа, органолептички не може да се направи разлика помеѓу органското и конвенционалното вино. Потврда за органско вино е издаден сертификат за органски производ од овластено сертифицикационо тело во Република Македонија и логото кое треба да е видливо истакнато на етикетата“, нагласува Шкортова.

organski proizvodПредноста на органските вина наспроти конвенционалните е тоа што органските вина се произведени од грозје кое не е хемиски третирано (при производството на грозјето, не се употребувани пестициди или други хемикалии), како и неупотребата на хемиски препарати или вештачки ароми и вкусови во целиот процес на добивање на виното.

“Ние во Вел Вин сме особено горди што го запазуваме трендот на здравата храна и успеавме да произведеме квалитетно органско вино кое е се повеќе присутно и барано на пазарот“, вели Шкортова.