Vacheron Constantin Reference 57260 – најкомплицираниот џебен часовник

125

vacheron

Еден од најстарите производители на луксузни часовници Vacheron Constantin осум години го создаваше часовникот којшто ќе биде достоен примерок за одбележување на 260-годишнината на овој бренд.

Производителот го создаде џебниот часовник Vacheron Constantin Reference 57260. Епитетот комплициран на овој џебен часовник е поради 57-те дополнителни функции.

vacheron 1

Механизмот на часовникот е поставен во куќиште од 18-каратно бело злато, а е составен од дури 2.800 делови.

Според најавите, овој часовник воопшто нема да се најде во слободна продажба, а се проценува дека неговата колекционерска вредност ќе надмине пет милиони долари.