Во минатото имаше неколку извештаи дека Apple можеби работи на флексибилен iPhone, но засега нема официјални информации за таков уред од самата компанија.
Може да ни треба малку време за да видиме iPhone со флексибилен екран, а не се знае каков формат би имал уредот.
Во меѓувреме, дизајнерот Антонио де Роса одлучи да комбинира неколку концепти и да ги имплементира во дизајн за кој верува дека може да го краси флексибилниот “iPhone“. Тој го нарече концептот “iPhone Air“.
Треба да се напомене дека ова е визија на дизајнерот, а не протечени информации за изгледот на уредот. Според идејата на дизајнерот, “iPhone Air“ е телефон на преклопување, со шарка во средината.
На задната страна, покрај системот на камерата, има вграден екран кој прикажува информации како датум, време или известувања.
Најновите информации сугерираат дека Apple тестирал различни прототипови на флексибилни телефони, но компанијата е скептична кога станува збор за овој формат и може да почека да види во која насока ќе се развива технологијата.