Ванг Нинг, креаторот на Лабубу, на листата на 100 најбогати луѓе во светот

Кинескиот бизнисмен Ванг Нинг, креатор на играчката Лабубу, го зазеде 85-то место на листата на 100 најбогати луѓе на планетата, објави  Блумберг.

Се прецизира дека имотот на бизнисменот изнесува приближно 26,5 милијарди долари.

Во текот на годината, богатството на извршниот директор на Поп Март порасна за речиси 19 милијарди долари, надминувајќи го основачот на Дел, Мајкл Дел, основачот на Амазон, Џеф Безос и еден од најголемите инвеститори во светот, Ворен Бафет, според Блумберг.