Ванилата достигна рекордна цена – 600 долари за килограм

59

Цената на ванилата во последните две години постојано расте, а неодамна достигна рекордно ниво од 600 долари за килограм, што е повеќе отколку да купите килограм сребро, објави BBC.

Главна причина за вртоглавиот скок на цената е циклонот што минатиот март го погоди Мадагаскар, најголемиот светски производител на омилениот зачин, и уништи голем број на плантажи.

Станува збор за зачин што прилично тешко се одгледува, ванилата се екстрахира од деликатниот цвет на орхидејата и заради тоа е втор најскап зачин, после шафранот. Природниот екстракт од ванила е силен ликер со кафеава боја и интензивен мирис.

Производителите на храна, исто така, купуваат ванила во прав, што се добива со мелење на мешунките претходно употребени за добивање на екстрактот.

Други големи произведувачи на ванила се: Папуа Нова Гвинеја, Индија и Уганда, а најголем дел од неа оди во САД поради огромното производство на сладолед.

Освен во сладолед, ванилата се користи и како додаток во разни слатки, алкохолни пијалаци, но и во парфеми и козметичката индустрија.

Фото: Pixabay