Вартекс ја изгуби ексклузивата над Levi’s во Хрватска и регионот

36

levisВартекс од Вараждин повеќе не е ексклузивен дистрибутер на Levi’s производите на компанијата Levi Strauss Европа за Хрватска и земјите од регионот. Поради неликвидност и нереализација на иницијалниот интервентен кредит, Вартекс не можеше да ги исполни условите од претходниот договор, па компанијата Levi Strauss го раскина актуелниот петгодишен договор склучен во мај минатата година, извести претседателот на управата на Вартекс, Зоран Кошќец.

“Во услови на неликвидност и економска криза, предусловите за понатамошна реализација на договорот беа врзани за планираниот иницијален кредит за ликвидност кој е предвиден и преку планот за финансиско реструктуирање на компанијата во рамките на постапката на предстечајна нагодба. Иако уште на почетокот на февруари е усогласен начелен договор меѓу Вартекс и сите финансиски доверители, интервентниот кредит се уште не е реализиран”, изјави Кошќец.

Со престанувањето на дистрибуцијата на Levi’s производите завршува скоро 30 годишната соработка меѓу Вартекс и Levi Strauss.