Варуфакис: Загрижува тоа што Европејците стануваат посиромашни

104

Европејците стануваат посиромашни, не само како население, туку и сите поединечно, изјави денеска грчкиот економист и поранешен министер за финансии на Грција Јанис Варуфакис на втората регионална конференција „Look up“ во Копаоник.

„Да ве потсетам, во 2008 година просечниот приход во цела Европска унија, а ја гледам и Велика Британија, беше за 10 отсто поголем од оној во САД. Тоа беше просечниот приход во Америка, но во 2022 година Америка има 26 отсто повеќе приходи отколку што беше случајот во Европа минатата година“, рече Варуфакис.

Тој додаде дека овој факт е загрижувачки, бидејќи покажува дека населението во Европа станува сиромашно.