Главниот град на САД, Вашингтон, ќе добие висечки парк, според идејното решение на холандското архитектонско студио OMA+Olin.
По седуммесечниот распишан конкурс, ова студио со интернационална мрежа и искуство, го доби првото место за проектот за изградба на првиот висечки парк во Вашингтон.
Паркот ќе биде сместен на мостот на реката Анакостиа и некогашниот автопат ќе го трансформира во јавна површина, што ќе ги поврзува двете страни на реката. Проектот вклучува создавање на едукативен центар за околината, простор за јавни настапи, игралишта, градина.