Вашингтон ја предупреди ЕУ за последиците од ограничувањето на пристапот до американските компании

Американскиот амбасадор во Европската Унија (ЕУ), Ендру Пуздер, предупреди дека европските компании би можеле да се соочат со катастрофални одмазднички мерки од Вашингтон доколку Брисел продолжи со плановите за ограничување на пристапот на американските компании до одредени делови од европскиот пазар, објави  „Фајненшл тајмс“.

Предупредувањето на Пуздер дојде откако Европската комисија одлучи да додели поголем дел од вредниот спектар за мобилни сателитски комуникации на европските компании, а воедно да го намали уделот што би можеле да го добијат американските оператори.

Оваа одлука е дел од напорите на ЕУ да ја намали зависноста од големите технолошки компании и да го поттикне развојот на домашните компании, според британскиот весник.