Важни правила за самоодбрана

24

sl

Првото правило е да бидеш постојано внимателна и да го набљудуваш твоето опкружување. Ова правило подразбира свесност за нашето физичко постоење и движење во просторот, како и интуитивно чувство за опасност.

Исто така, постои правило кое вели жената да остава впечаток на сигурност додека се движи и да избегнува директен контакт со очи. Сигурниот настап и детермираноста во намерата на одредена единка ја изолира од содејство со околината што подразбира слободно и безбедно движење и живеење. Следствено на тоа, директниот контакт со очи подразбира воспоставување релација, врска која е предмет на толкување од страна на единката со која влегувате во интеракција. Директниот контакт во очи подразбира очекување реакција од спротивната страна како резултат на предизвикот да одговори.

Подлабоки искуствени практики ќе се обработуваат викендов, 24 и 25 октомври, на седмата по ред Работилница за самоодбрана на жени на тема „Седумте важни правила за самоодбрана“.

Како и секоја година претходно, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, ќе ги едуцира припадничките на понежниот пол за тоа како да се заштитат себе си во случај на напад или физичко злоставување.
Организацијата за изучување на класични јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“, во 2008 година за прв пат во Македонија организираше ваков настан и оттогаш Работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.

Работилницата е отворена за сите припаднички на понежниот пол, без разлика на нивната возраст, физичка кондиција, предзнаење..

Дополнителни информации на: 075 564 011 или на е-маил: daito_macedonia@yahoo.com