Врвни директори од најиновативните компании на денешната технолошка ера ќе бидат присутни во Истанбул на Вебит – најголемиот конгрес во дигиталниот свет (Европа, Блискиот Исток и Африка).
Конгресот што ќе се одржи на 10-11 октомври во Истанбул, а на едно место ќе ги собере професионалците од повеќе индустрии, дигиталната технологија, телекомуникациите, инвеститори и претприемачи од целиот свет.
Ќе присуствуваат менаџери од големите компании како Гугл, Ебас, ББС, ИБМ, Интел, Кока Кола, Мајкрософт, Фејсбук. Вебит 2012 година ќе биде домаќин на 6.000 делегати од околу 60 земји.