Вечера со Тим Кук чини најмалку 165.000 долари

43

tim kuk vecera

Остануваат уште 16 дена сите заинтересирани луѓе да понудат одреден износ што ќе треба да го уплатат за да уживаат во вечера со претседателот на Apple, Тим Кук.

Преку порталот Charitybuzz, лицето што ќе даде највисока понуда ќе присуствува на едночасовна вечера со Кук, а уплатениот износ ќе биде наменет во хуманитарни цели. Највисокиот понудувач со себе ќе може да понесе уште едно лице.

Засега највисок понуден износ е 165.000 долари од страна на анонимен понудувач со шифра m ********y. Собраните средства ќе бидат донирани во организацијата за заштита на човековите права Robert F. Kennedy Center for justice and human rights.

Среќниот добитник, освен вечерата со Кук во седиштето на компанијата во Купертино, ќе добие и две VIP влезници за некои од претстојните настани на Apple.