Вечната мудрост на Буда

155

pruga

Фото: Pixabay

Безвременските мудри мисли на Буда секогаш даваат сила и поттик за нови предизвици. Затоа најдете малку време за да го збогатите вашето размислување за битните нешта во животот. Обидете се да ја извлечете поуката и да ја примените.

За остварувањето: Идејата што се развива и прераснува во дело е побитна од таа што само постои како таква.

За начинот на размислување: Она што сме станале е резултат на она што сме мислеле. Мислата е се. Тоа што мислиме тоа и ќе станеме.

За одржувањето на зборот: Кучето не го сметаат за добро куче само затоа што добро лае. Човекот не го сметаат за добар човек само затоа што добро зборува.

За карактерот: Не правете нешто што помудрите подоцна ќе го изобличат.

За одговорноста: Никој нема да не спаси, освен ние самите. Никој не може и никој не смее. Самите мораме да го изодиме патот.

За посветеноста: Постојат само две грешки што некој може да ги направи одејќи по патот на вистината; да не го заврши патувањето докрај и да не го започне воопшто.

За совршеноста: Единствениот вистински неуспех што некој може да го направи во животот е да не биде доследен на она што најдобро го знае.

За довербата: Сомнежот ги раздвојува луѓето. Тој ги разјадува пријателствата и добрите познанства.

За поддршката: Во одвоеноста лежи најголемата мизерија на светот. Во сочувството лежи најголемата сила на светот.

За трпеливоста: Бокалот се полни капка по капка.